Ветуваат градење, а молчат за одржување на веќе изграденото

 

За многу идни градења се изнаслушавме во кампањата. Се ветија убавини низ Скопје. Се покажуваа макети, филмувани илустрации… Но, некако не се зборуваше за одржување на постојното – на она што веќе е изградено. А многу поправки и доградби треба во главниот град.

Еве на пример, централниот плоштад „Македонија“. Само собирање на сметот и повремено чистење ќе биде единственото „средување“ на центарот на Скопје?

Плоштадот е грда слика со скршени клупи, исушени дрвца, незавршени фасади, непоправени фонтани…. И за тоа никој не кажа ниту збор во кампањата. Единствено е разбирливо тоа да се прави само ако целта е плоштадот „Македонија“ да е слика и прилика за државата Македонија. Во државата порано многу се вложило труд, знаење и пари, ама сега тоа полека се растура од политичари кои нон – стоп ветуваат нови градби, успеси…

Претходна вестУбиј го противникот, а што потоа?!
Следна вестФилипче не очекува посилен бран на ковид, следна мерка е само вакцинирани со две дози да имаат сертификат