(Видео) Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се имаше средба со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, а најави и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.

На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.

– Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив. И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ, рече Николовски.

Претходна вестПреку 600 илјади евра инвестиции во Дојран за подобрување на локалните улици
Следна вестФејсбук повторно достапен, но не и Инстаграм