Викендот ги опушти: Секој трет возел пребрзо, 11 биле пијани…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 15 мерки за возење без возачка дозвола и 11 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажувата од МВР.

Претходна вестOблачно и студено со слаб до умерен ветер
Следна вестСпасовски и Демерџиев ќе се договараат како ќе се обезбедува чествувањето за Гоце Делчев