Викендов почнува зимското сметање на времетo

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето.

Дебатата за укинување на зимското и летното сметање пред неколку години ја отвори Европската комисија пред неколку години. Тогаш во онлајн-анкета дури 83 отсто од жителите на ЕУ се изјаснија дека се „за“ укинување на ваквиот начин на сметање.

Претходна вестДизајнираните шишиња, виски, парфеми, би можеле да бидат исфрлени од ЕУ
Следна вестУбаво: Промовирана новата книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Цепај сине“