ВЛАДА: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ – Новогодишната потрошувачка кошничка по намалени цени од најмалку 10 проценти

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти, информираат од прес службата на Владата.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците.

Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи.

Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови.

Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење.

Носиме мерки во интерес на граѓаните, ја враќаме надежта и градиме иднина за сите, стои во соопштението на Владата.

Претходна вестАнгеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики
Следна вестЦУК: Шест скијачи се загубиле на Попова Шапка поради маглата, успешно се спасени