Владата иницира постапка за одземање на државјанството на Александр Онишченко

Владата ја информира јавноста дека, во согласност со членот 14 од Законот за државјанството на Република Северна Македонија, побара да се почнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко.

Владата го иницира барањето за одземање на државјанство на Онишченко по одржаната владина седница, на која Агенцијата за национална безбедност информира за случајот.

Претходна вестВелешанка ги натепала свекрвата синот и сопругот, а на крај и полицаец
Следна вестУтре без струја дел од Драчево и повеќе скопски улици