Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10 отсто. Ваква одлука донела Владата со цел да им излезе в пресрет на компаниите и потрошувачите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар при што ограничувањето на маржата значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија. Ова беше барање на Стопанската комора, за помош на компаниите во справувањето со енергетската криза која ќе важи до 15 април догодина.
-Ќе се излезе во пресрет и на субјектите кои се без дистрибутер и автоматски се префрлени на ЕВН. Со измени во правилникот на Регулаторна, тие ќе плаќаат за 20 отсто наместо за 50 проценти поскапа струја од берзанската. Ако едно училиште купува струја од слободниот пазар би ја плаќало 440 евра по мегаватчас. Тука влегува 400 евра од „Хупекс“ цената и 40 евра за трговецот. Но бидејќи нема договор, сега училиштето плаќа 600 евра за мегават час – 400 евра од цената на „Хупекс“ и 200 евра како 50 отсто плус за крајниот снабдувач. На крај, разликата е 160 евра која треба да ја плати државата, објасни денеска Крешник Бектеши, министер за економија.
Владата во моментов преговара со соседните држави, Србија, Бугарија и Грција за да нема прекини во извозот на електрична енергија и да се одржи стабилноиото пренос и снабдување во претстојниот период. Преговорите со Бугарија преку работните групи се почнати а планот е да се купуваат по потреба и до 5 гигаватаи дневно струја но по цена пониска од онаа на слободниот пазар. Со Србија пак се договара соработка така што таму би се испорачувала електрична енергија а за возврат во Северна Македониај би се доставувале неопходните енергенси за производство. Наредната недела премиерот Ковачевски оди во Атина на средба со грчкиот колега Мицотакис за да се договори и потврди соработката во престојниот кризен период и евентуална набавака на електрична енергија и енергенси. Според официјалните ионфромации веќе се договори набавките на гас за ТЕ-ТО кое ќе има значајна улога во зимскиот период а има доволно залихи од мазут за ТЕЦ Неготино.