Владата намерно чекала една недела да не одлучува за маските во школите

Чекаме да биде закажан состанок на Генералниот кризен штаб, и ако тој се одржи, на утрешната владина седница очекуваме да бидат изгласани препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и таа за ослободување од носењето маски на учениците од основните училишта, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели дека Владата намерно оставила простор од една недела меѓу препораката на КОмисијата и одлуката на Владата за да се види дали ќе има промени во епидемиолошката сотојба во земјата.

„Претходната епидемиолошка недела не е показател во каква епидемиолошка состојба сме. Имаше точки кои ние ги донесовме како Комисија, но не избрзавме со гласање или преминување како одлука на Влада, затоа што состојбата во идната недела наложуваше дека можеби би можеле да се вратиме на претходната состојба. За да не излеземе несериозни, а одлуката на Влада е правосилна и треба да се имплементира во секојдневното функционирање на сите институции некогаш не избрзуваме со тоа што чекаме и следната недела како ќе постапиме, а потоа две одлуки ги поминуваме на Кризниот штаб, рече Сали.

Тој повтори дека посакува целосно да се ослободиме од маските, меѓутоа, како што додаде, реалната состојба не го вели тоа.

-Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи се уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека се уште вирусот кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но не сме се уште за симнување на маските, додаде Сали.

Минатата недела Комисијата за заразни болести донесе препорака учениците во основните училишта да бидат ослободени од носење маски во школите, но оваа обврска и натаму ќе остане за наставниците, професорите и административно-техничкиот персонал.

Оваа препорака, како што минатата седмица истакна портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, предвидува носењето маски за децата во основните училишта да не е задолжително, но ако некој сака да носи маска, од различни причини, не е забрането.

Претходна вестНБМ со мерка против профитерите: Ако менувачниците немаат девизи ќе можат да купуваат од банките
Следна вестНаскоро ќе бидат пуштени фонтаните во Аеродром