Home АКТУЕЛНО Владата одби да им помогне на општините за превисоките сметки за струја

Владата одби да им помогне на општините за превисоките сметки за струја

0
Владата одби да им помогне на општините за превисоките сметки за струја

Високите сметки за струја ќе ги „изедат“ капиталните проекти кои скопските, но и другите општински градоначалници од Македонија, им ги ветиле на градоначалниците за правење во текот на нивниот мандат. Оваа опасност се заканува откако Владата вчера одби да им помогне на општините во плаќањето на енормно зголемените сметки за струја кои се обврска за плаќање од страна на општинските власти, Неодамна Заедница на единиците на локална самоуправа апелираше до Владата им се помогне на општините бидејќи сметките станале астрономски.

-Во Гевгелија просекот на сметките за електрична енергија бил околу 400 илјади сега е 2,9 милиони денари. Во општина Ѓорче Петров просек на сметките за електрична енергија бил околу 700 илјади, а сега е 3,3 милиони денари, а општината е презадолжена и е соочена со проблеми со ликвидноста. Важно е да има брза интервенција која би требало да биде барем до нивото на трошоците за електрична енергија од пред кризата, апелираше ЗЕЛС.

Вчера и Координативно тело на скопските градоначалници алармира дека сметките се неиздржливи.

окрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните, укажа скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Меѓутоа, Владата на вчерашната седница не ги прифати ваквите барања за финасиска помош.

 Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија, се наведува во владиното соопштение.

Сето ова води кон прашањето: дали работата на општините сега ќе биде многу отежната бидејќи нивните буџети ќе отидат за плаќање на сметки за струја? Во јавноста се поставува и друго прашање: Дали Владата не им помага на општините затоа што поголемиот дел од нив ги раководат кадри од други партии, а не од оние што коалицираат во централната власт?