Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на пат кон Грција.
Тоа во пари е околу 1,2 милиони денари.
На 15 август се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија.
Ваква одлука Владата донесе во мај и нивната важност беше од 15 јуни до 15 август. Беа потрошени 2,8 милиони евра за изготвување 200.000 М смарт-картички. На секоја од нив имаше доволно средства за плаќање на патарините од Табановце до Гевгелија и назад, а на граничниот премин Табановце ги делеше полицијата.