Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура.
Премиерот Зоран Заев лично смета дека треба, а неговото објаснување е поради тоа то е дел од Зелената агенда која, како што рече „е главна преокупација на Европската Унија, е во согласност со климатските промени и Парискиот договор“, но оства службите да проценат.
– Не постојат основи за коресподентни табели и нема директива и регулатива, но е поврзано со европската агенда и правните служби ја разгледуваат оваа опција како можност. Сепак, веруваме дека Парламентот ќе изнајде начин да се донесе законот заради тоа што со еколошката такса која е нова давачка дефинитивно нафтата кај нас останува најевтина во споредба со било која земја во соседството и од земјите-членки на ЕУ, рече Заев.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира овој закон со кој се воведува дополнителна давачка на горивата, со образложение дека таа ќе предизвика скок на цените на сите други производи.
Европското знаменце на законите значи скратување на времетраењето на дискусиите. За закони со европско знаме, расправата во матичната комисија може да трае максимум три дена, по што договорот со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна седница.