Home АКТУЕЛНО Владата: Трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво

Владата: Трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво

0
Владата: Трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво

Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, смирува денеска македонската Влада.

Министрите со апели до дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават резерви од гориво поради безбедносни причини.

Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени, државата има доволна количина жито во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во домашните млинови има резерви од 45.000 тони пченица, количини што се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

-Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и Министерството континуирано преземаат мерки што значат зголемување на домашното производство на житни култури. Првпат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта, која со новите законски измени ќе изнесува 100 %. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците што имаат површини од 5 до 50 хектари и првпат почнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава, дополнително, преку интерветниот фонд планирана е субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури, велат од Владата.