Владата засега не планира набавка на нови автобуси за Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика општините да аплицираат и да понудат проекти. Запрашан зошто Владата не помогне со набавка на нови автобуси на територија на главниот град, тој рече дека тоа не претставува проблем, но истакнува дека има и други градови во земјава кои имаат потреба од автобуси.

-На состанокот со градоначалничката Арсовска очекувавме да слушнеме план. Рековме дека безусловно ќе ги поддржеме програмите, иако не веруваме дека со таа поддршка и со новите вработувања дека ќе се додаде нешто позитивно, но сепак го гласавме. Денеска да почнеме процес за набавка за автобуси само за Скопје, претпоставувам дека ќе биде завршена и успешно ќе бидат испорачани за следната учебна година. Доволно пати покажавме конструктивност во минатото…Стоиме располагање за да слушнеме план и да го поддржиме, но ако тој план е гласајте за кредит за да набавиме автобуси кои ќе стигнат догодина, тоа нема да го реши проблемот. Проблемот се решава со мобилизација во рамки на ЈСП Скопје и наменско трошење на средствата. Тоа може да го стори Градот Скопје и менаџментот на ЈСП Скопје, рече премиерот на прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека треба да се решава проблемот во сите општини.

-Да размислуваме како Влада за да направиме пакет за сите општини кои имаат потреба од јавен градски превоз. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, тогаш на другите им требаат уште 250. Ова системски можеме да го решиме, а не парцијално. Затоа е овој повик за општините, додаде Мицкоски.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ја криел ли Филипче фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420?
Следна вестПожарот во Мариово не стивнува, огнената линија на преку 25 километри