Власта се гордее со мерките за помош, граѓаните никако да ги почувствуваат

Храната е поскапена за најмалку 20 проценти, а според проценките цените ќе растат уште повеќе. Граѓаните стравуваат како ќе се развива ситуацијата, не знаат како ќе ги преживуваат неделите, оти веќе не се мери како ќе се истера месецот.

Власта признава дека пандемијата си го направи своето, но продолжува да ги уверува граѓаните дека со се што направиле во смисла на пакет мерките за помош на луѓето и бизнисите, го ублажиле ударот. Уверуваат и дека под нивно раководство економијата се оправила. Сепак граѓаните никако да го почувствуваат ублажувањето на кризата.

Па така, според последното анализирање на Сојузот на синдикатите на Македонија, на семејство кое има барем еден ученик месечните трошоци за живот му се зголемиле за 8000 денари.

-Анализата на ССМ покажува, дека дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците и на цените, тогаш, ниту три минимални плати, не би биле доволни да го достигнат растот на минималната кошница, предупредуваат од ССМ.

Очигледно аршонот на власта што е ублажување на криза е сосема различен од оној што е во реалноста.

Претходна вестДенеска ќе се знае кој се ќе учествува на локалните избори
Следна вестВечерва на „Браќа Манаки“ проекција на „Северен пол“