Луѓе блиски до ДУИ и Артан Груби биле инволвирани во инцидентите со знамињата обвинија од ВЛЕН откако денеска на пресконференција објавија слики на лица кои биле уапсени а претходно имале и фотографии со Артан Груби.
-Со жалење и загриженост ве известуваме дека ВЛЕН обезбеди и фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на мајсторот на казиното, Артан Груби. На ДУИ не им се допадна што Албанците во овие празници слободно славеа од Куманово до Струга, од училишта до плоштади, од плоштади до културни домови, каде што сакаа слободно и финансиски поддржани од институциите во земјата, албанската песна и оро одекнуваше насекаде.Како што гарантиравме од почеток, тоа се случува и во иднина, сите инволвирани во инцидентите на празничната ноќ ќе ја добијат заслужената казна без разлика, рече Арбен Фетаи.
Од ДУИ пак ваквите информации го отфрлија како невистинити наведувајќи
-Демократската унија за интеграција најостро ги осудува лажните обвинувања и манипулациите што антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција. Обидот на оваа антиалбанска влада да ја вмеша ДУИ во настаните поврзани со Денот на албанското знаме претставува не само невидена манипулација, туку и обид да се покријат сопствените неуспеси и дискриминаторски политики. Објавуваме дека ќе преземеме сите правни мерки против овие лажни обвинувања и ќе побараме одговорност од сите инволвирани во ширењето на овие дезинформации, одговорија од ДУИ.
Од СДСМ пак велат и тие на ниво на пратеничка група ќе донесат одлука дали би поддржале интерпелација за Панче Тошковскки и Астрит Исеини но остануваат на барањето за лидерска со Христијан Мицкоски.
Инцидентите со знамињата отворија нови политички фронтови на релација власт опозиција откако оставка од Тошковски бараа и Левица а во врска со најавената интерпелација од ДУИ посочија дека ќе изградат став откако ќе ги видат основите врз кои би се барало да се изгласа недоверба.
Премиерот Мицкоски но и министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски и вчера во изјавите за медиумите во врска со инцидентите со знамињата посочија дека ресорното министерство си ја завршило својата задача согласно пропишаните норми и дека не гледаат причина за било какви оставки или интерпелација.