ВМРО-ДПМНЕ го поддржува народот кој масовно, достоинствено и гласно кажува Ултиматум-НЕ благодарам

Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во предлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување на учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања.

-Со еден збор Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација. Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање на меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести  ги штити. Владата заради функции и фотелји е спремна на се, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат, се наведува во партискиот став.

Оваа партија предупредува дека доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против Уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.

-Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, се потенцира во соопштението.

Претходна вестСДСМ: Протестите не се против францускиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата
Следна вестПратениците на СДСМ ќе ги послушаат ли 72,8 отсто од Македонците?