ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица

Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори.

Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи.

До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.

Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вест166 санкционирани возачи во Скопје, 19 возеле без возачка дозвола
Следна вестПремиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја