ВМРО-ДПМНЕ: Ако распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа шампиони

Ако беше распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа неприкосновени шампиони. Тоа што Заев го започна, Ковачевски го усоврши, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека Димитар Ковачевски како премиер успеа да ја понижи Македонија пред меѓународната јавност и да го погази достоинството државата и македонските граѓани.

-Наместо да биде тој кој прв ќе ја брани државата, Ковачевски беше првиот кој ги одобри навредите и понижувањата и не ни помисли да реагира поинаку. Срамот за Македонија, смешен им е само на СДСМ и на Ковачевски. Само тие може да се радуваат кога некој им ја негира државата. И да биде пострашно, дури и од петни жили го бранат негирањето на Македонија, наместо да го осудат, се потенцира цо партискиот став.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека само за СДСМ и Ковачевски е нормално Македонија да ја нарекуваат Источна Бугарија, кога баш таа Бугарија поставува услов да прифатиме дека идентитетот, јазикот и историјата до 1944 година биле бугарски, а Македонија дека била вештачка творба.

-Штом вака се радуваат на јавни понижувања и негирања на државата, којзнае колку уште попонизно се однесуваат позади затворени врати каде никој не ги гледа. Којзнае што се имаат прифатено и продадено, па не е ни чудо што го скриваат планот со Бугарија. Нема срам, понижување и пораз за Македонија кој СДСМ не го претстави како победа, се нагласува во партиското соопштение.

Претходна вестМатурантите го полагаат изборниот екстерен испит
Следна вестСДСМ: Сите криминално стекнати пари од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат кај граѓаните