ВМРО-ДПМНЕ: Ако власта домаќински работеше ќе се спречеше зголемувањето на цената на струјата

Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја во време на антимакедонската СДС е намалено за 3 терават часови, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот,  а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени.

-Доколку власта домаќински и одговорно работеше ќе се спречеше покачувањето на цената на струјата во јули и немаше да дојде до најавеното ново покачување во декември. Но власта предводена од антимакедонската СДС реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот. Заради ваквото работење државните енергетски компании станаа загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап, се потенцира во партискиот став.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека за ваквата кражба која ја спроведува власта мора да има одговорност.

Претходна вестПукање во Чаир, повреден полицаец
Следна вестСДСМ: На време преземаме мерки за обезбедување на енергија