ВМРО-ДПМНЕ: Апостол Симовски призна грешка, колку уште грешки има пописот за да биде комплетен?

Апостол Симовски призна грешка, колку уште грешки има пописот за да биде комплетен, праша денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека директорот на Државниот завод за статистика Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран. Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици.

-Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале, се наведува во соопштението.

Претходна вест8 април неработен ден за припадниците на ромската заедница
Следна вест„Случајно“ да проверат има ли и други лица со години на боледување