ВМРО-ДПМНЕ: Бојан Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал

Бојан Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал, има ли појасен доказ за договорот Заев – Мијалков?, праша денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ова партија реагира на вчерашната изјава на премиерот Зоран Знаев кој обзнани дека министерот за правда бил личност која прва ја добила информација дека Сашо Мијалков подготува бегство.

-Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да се реализира планот Заев – Мијалков. Мијалков кој бил помаган од власта на крај со црн владин пасат стигнал до ЈО, од каде правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден. Во режијата на Заев за Мијалков учествувало и ЈО, кое дозволило Мијалков 40 минути откако се пријавил, наместо да оди во куќен притвор да парадира пред камери и да го пере Заев. За ова или Русковска треба да си даде оставка или Маричиќ да си оди, соопшти опозициска партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека цела јавност ја гледа коалицијата Заев – Мијалков.

-Народот е против крими коалициите и одговорност ќе има, се наведува во соопштението.

Претходна вестКурц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцини
Следна вестЌе има свадби и забави во ноќни клубови само ако Комисијата за заразни болести даде амин за протоколите