ВМРО-ДПМНЕ: Да немаше ништо криминално, Владата ќе го објавеше договорот за коридорите

Власта на Груби и Ковачевски да го открие договорот за изградбата на коридорите и да го покажат пред јавноста, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Најголема опозициска партија наведува дека не може да има тајни клазули кога се работи за тешки милиони народни пари.

-Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата. Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиниот интерес, се наведува во соопштението.

Се додава дека според договорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот за работни односи.

-Крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана. Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра. Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. Зa жал, тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестИгор Иџе Стефановски победи во трката во Франција на Европскиот шампионат на ридски патеки
Следна вестУтре бесплатен влез во сите музеи и локалитети во Македонија