ВМРО-ДПМНЕ: Да се објават фирмите од Струмица вмешани во пропаѓањето на Еуростандард банка

Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во денешното партиско соопштение се наведува дека новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница.

-Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал. И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека „власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал“.

-Исто така, да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?

Јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле. Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи. Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај, се вели во соопштението.

Претходна вестДенеска се слави Свети Јоаким Осоговски
Следна вестМобилен во рака, гас до даска, без појас: 196 возачи само во Скопје казнети вчера