ВМРО ДПМНЕ: Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДСМ и ДУИ и меркал дивоградби

Која била целта на посетата на поранешниот војник на УЧК Блерим Рамадани на Македонија, праша денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

На партиската прес-конференција тој постави и прашање дали Рамадани бил носен на Попова Шапка?

-Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДСМ и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?, наведе Јаревски

Тој. Исто така, праша дали е тоа причината што Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски?

-Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него? Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него? Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДСМ и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени. Одговорност мора да има. Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес. Додека народот се иселува, тие се богатат, потенцира Јаревски.

Претходна вестСДСМ: Приватни возила во поворката со Гаши биле пропуштени без контрола на границата со Косово
Следна вестСнимка од свадбата на Косово на која Гаши беше со службен автомобил и обезбедување