ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС намерно го пушти да избега осудениот убиец кој рани полицајци

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали осудениот убиец кој избега и рани полицајци, а кого Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, СДС намерно го пуштила да избега?

„ Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа. Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС.

Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово. Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, туку мора да има одговорност и за надредените во службата.

„ Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне“ порачаа од опозициската партија.

Претходна вестЛазаров: Холандија е екстра квалитетна, ќе треба добро да се помачиме
Следна вестСДСМ: Успешни енергетски политики на СДСМ, среде зима продажба на вишоците произведена струја