ВМРО-ДПМНЕ: До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај „Мавровка“?

До кога СДС ќе го штити судијата Пајазит Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка?, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на партиската прес-конференција рече дека Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега.

-Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка. Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија, потенцира тој.

Додаде дека од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите зарвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС.

-Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните, нагласи Петрушевски.

Претходна вестОтворени „Струшките вечери на поезијата“, најголем промотор на македонската и на современата светска поезија
Следна вестДвајца скопјани искасани од кучиња скитници во Гази Баба и во Ѓорче Петров