ВМРО-ДПМНЕ: Една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува

Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата не само што се не се зацврстува туку и се распаѓа.

– Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува. Ковачевски нема политики, ниту проекти, тој владее ден за ден. СДС и ДУИ имаат за цел да останат ден повеќе на власт, а не да направат нешто за државата.

Доколку Ковачевски имаше влада базирана на политики и проекти, немаше партии кои го донеле на власт и му даче можност да биде премиер, да го напуштаат. Никој повеќе не му верува на Ковачевски, ниту луѓето кои му дадоа шанса да стане премеир без избори.

Во СДС, а особено во ДУИ се свесни дека Ковачевски не може да добие избори, затоа се борат по секоја цена да ја задржат власта ден повеќе, а за тоа да се случи прибегнуваат кон уцени на пратеници.

Пратениците кои го поддржуваа владејачкото мнозинство не сакаат да бидат дел од бродот кој тоне и затоа секој ден ќе бидат се помалку во таборот на СДС и ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестНе сакале да пропуштат пешаци на пешачки, казнети 67 возачи
Следна вестШест нови силни земјотреси ја погодија Турција во веќе разурнатите области