ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора што побрзо да даде оставкa за да се спасат животи

Министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи, побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека бројката на починати достигна скоро 800 лица, а бројката на новозаразени во едно деноноќие достигна до повеќе од 20 проценти од тестираните.

-Се бележат црни рекори. Дали Филипче е свесен за ова? Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните? Заболените од КОВИД -19 нема ниту каде, ниту кој да ги лечи. Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде. Мединцинскиот кадар со кој и онака кубури земјава, почнаа да га напуштаат јавните здравствени установи. Филипче очигледно воопшто не е загрижен за ситуацијата. Филипче ги остави граѓаните сами на себе. За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка!, потецнира оваа партија.

Претходна вестСе смени одлуката: Нема влез во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина без ПЦР тест, во Косово може
Следна вестНе драматизирајте и нека е честит 11 Октомври!