ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев

Ја разбираме фрустрацијата на СДС и Венко Филипче кои се китат со перјата на оваа влада. Но нивното време заврши, возвратија денеска од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.

Од партијата велат дека за само две недели ќе има две големи инвестиции.

-Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот. И инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра. Се потврди по којзнае кој пат и дека за СДС само ВМРО-ДПМНЕ може да донесе нови инвестиции во државата, што зборува за недостатокот на елементарна работливост од страна на СДС кои 7 години здружно крадеа со ДУИ, па затоа за нив посветеноста на оваа влада е недостижна цел на која ѝ придаваат супер моќи. Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции. Од друга страна додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи СДС повторно прави очајнички обиди да го минимизира успехот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението.

Владеачката патрија укажува дека е очигледно дека реалноста и напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат нивните способности.

-Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги постигнуваме нашите цели, без оглед на саркастичните и несериозни коментари од СДС, партијата која ја урниса државата претворајќи ја во срамна филијала на белосветскиот и домашниот криминал. Венко Филипче и Зоран Заев се лошото лице на власта на СДС и ДУИ. Нашата посветеност кон привлекување инвеститори е јасна и недвосмислена. Преку промовирање на Македонија како стабилна и атрактивна дестинација за инвестирање, ние ќе продолжиме да ги реализираме нашите ветувања и да ја подобруваме економската состојба на сите граѓани, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Претходна вест„Комунална хигиена“: Отстранивме 150 кубни метри отпад од диви депонии, пет граѓани ќе бидат казнети
Следна вестСпасен кумановец од „жив песок“ на реката Пчиња