ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со издавање на личните документи продолжува

Наместо решение, хаосот со издавање на лични документи продолжува. Власта си игра пинг понг со проблемите и маките на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека јавно си ја префрлаат топката кој да се јави кај нашиот јужен сосед, Пендаровски, Ковачевски и Османи, граѓаните се оставени да се буткаат во редици за сликање и подигање за личните документи. Како да не беа доволни огромните редици, турканиците и нервозите кај граѓаните, неспособните од власта на ДУИ и СДС го намалија и работното време на шалтерите за сликање за лични документи. Неспособноста на Оливер Спасовски и МВР се гледа на дело поради тоа што навреме не набави обрасци за личните документи и со тоа и неможноста на време граѓаните да ги променат документите, велат оттаму.

Во МВР останати се уште околу 30 илјади обрасци за вадење на лични документи.

Поради неможноста за промена на над 1.2 милиони пасоши колку што се останати за промена, апелираме до власта на СДС и ДУИ да го пролонгира рокот за издавање на лични документи. Исто така бараме Уставниот суд во најскоро време да изрече времена мерка за ставање вон сила на одредбите од закнот за патни исправи кој се однесуваат на крајниот рок на промена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСДСМ: Aко ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада нема зошто ниту СДСМ да ги гласа
Следна вест35 романи во „трка“ за наградата „Роман на годината“