ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Шолц е пренесена погрешно, тој не гарантира дека нема да има нови условувања, туку изразува негово мислење дека не треба да има

Вчерашната изјава на германскиот канцелар Олаф Шолц дека тој гарантира дека нема да има нови условувања за Македонија била погрешно пренесена, реагира денеска опозициската СДСМ.

Драган Ковачи, пратеник на оваа партија, на прес-конференцијата рече дека Шолц изразил свое мислење дека Бугарија не треба да ѝ поставува нови услови на Македонија, но не гарантирал дека такво нешто нема да се случи, како што тоа беше пренесено од страна на СДСМ.

-Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите. Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања, рече Ковачки.

Но, исто така, додаде Ковачки, искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и се уште е во чекалницата на Европската унија.

Претходна вестСЗО ќе прогласи една прехранбена состојка која речиси секојдневно ја конзумираме за канцерогена
Следна вестРасте извозот на албански производи за Македонија, се намалува увозот на македонски во Албанија