ВМРО-ДПМНЕ: Измеќарите на ДУИ во СДС продолжуваат да бидат измеќари на оваа партија

Измеќарите на ДУИ во СДС продолжуваат да бидат измеќари на оваа партија. Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, најпогодени од тоа се најдоа токму СДС, кои веднаш со лаги почнаа да го напаѓаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, соопштија денеска од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на владеачката партија се наведува дека двоецот Филипче – Заев не само што продолжува да обработува за ДУИ, туку и активно ги поддржува нивните интереси.

-Додека заедно ја раскрчмуваа Македонија, бизнисот на Дрин, внукот на Ахмети, цветал. Истовремено, цветале и темните бизниси на Заеви, и на нивниот тендер-хирург Филипче, што претставува најголем доказ дека оваа структура која беше поразена, била длабоко заљубена во криминалот и корупцијата. Ова е уште еден пример за начинот на кој СДС и ДУИ ја држеа Република Македонија како заложник, потоната во корупција и незаконски активности. Наместо да ги прифатат резултатите од изборите и да почнат да работат во интерес на граѓаните, тие продолжуваат да ја користат истата стара тактика на лаги и манипулации, со цел да го одвлечат вниманието од нивните сопствени криминални активности, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ е цврсто решена да ја води борбата против корупцијата и да ја врати правдата и редот во нашата држава.

-Граѓаните заслужуваат влада која ќе работи во нивен интерес, а не за личните интереси на неколкумина корумпирани политичари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПрилепчанец се самозадоволувал во парк пред малолетници
Следна вестПритворени тројца српски инженери од „Крушик“ кои шпионирале за македонска фирма за оружје