ВМРО-ДПМНЕ: Како казните за возење прво стигнуваат кај Шилегов?

Како казните за возењето на плоштад или по тротоар стигнуваат прво кај градоначалникот Петре Шилегов?, праша советничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ во Советот на град Скопје.

Во соопштението се наведува дека Шилегов кога веќе не постигна ништо како градоначалник ја презема улогата портпарол на МВР.

-Бидејќи објавува казни кои се прашуваме како стигнале до него, тогаш го повикуваме да одговори: Колкава е казната која ќе ја плати возачот кој возеше по велосипедската патека? Дали тоа не се прениско 50 евра или 3000 денари за возење по велосипедска патека и тротоар? Каде на казната пишува дека се одзема возилото, тоа никаде не може да се забележи од документите кои се објавени. Како полициски белешки стигаат до градоначалникот на Скопје? Дали Шилегов има ново работно место, а јавноста не знае или пак продолжува да се злоупотребува МВР?, се потенцира во рекацијата.

Претходна вестСпасовски ќе ги брка засилено и крадците во Скопје или само журкаџиите?
Следна вестЕте што може среќата: заборавеното Лозово ќе стане туристичка дестинација