ВМРО-ДПМНЕ: Кога 175 мерцедеси за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра?

Што ќе рента Бујар Османи за 900.000 евра? Кога 175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра? Не треба некој да е посебно навлезен во економија за да сфати дека Бујар Османи со тендерот за рентирање на 175 возила од 900.000 евра очигледно некого дебело ќе „омрси”, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија реагира на тендерот со кој МНР определи околу 960.000 евра за покривање на трошоците за изнајмување на рент-а-кар возила за претстојниот сaмит на ОБСЕ во Скопје.

-Кога ќе се погледнат сајтови на рент а кар агенции низ Европа, се доаѓа до заклучок дека луксузно возило како Мерцедес С класа, кое се смета за класа во која се возат највисоки гости се рента за 450 евра од ден, т.е. за два дена 900 евра. Кога ќе се помножи цената за рентање Мерцедес С класа со бројот на возила кои ги побарува Османи ќе се добие 157.500 евра, сума која е 6 пати пониска од тоа што го дава Османи. Уште потрагично е кога ќе се види дека патничко моторно возило – комбе со 7+1 седиште се рента од 45 до 70 евра на ден. Кога најлуксузни возила може да се изнајмат за 450 евра од ден, што тогаш Османи ќе плаќа 6 пати поскапо?, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека е очигледно е дека Османи и ДУИ треба да заминат во опозиција, бидејќи „колку повеќе се на власт, толку народот е се посиромашен“.

Претходна вестЦариниците запленија околу 700 парчиња облека, ја шверцувале во црни кеси
Следна вестМладите таленти од ОУ „Лазо Трповски“ освоија награда на литературен натпревар во Јапонија