ВМРО-ДПМНЕ: Кога приватна фирма дава услуга на политичар без надомест, во износ од 80.000 евра, очигледно е дека се работи за корупција

„Аудито“ на Груби купено од Еуроком Лајтинг која од градежна фирма презема хотел на Шапка по цена од гарсоњера, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема опозициска партија наведува дека според податоците кои излегоа во медиумите Еуромкм Лајтинг е фирма која за само 55.000 евра купи хотел на Попова Шапка од една градежна компанија, која потоа добива милионски тендер од власта.

-Медиумите пишуваа дека Еуриком Лајтинг го добила хотелот како предуслов градежната фирма да го добие тендерот. Според нашите информации, „аудито“ на Груби е ново, произведено во 2021 година, и истото според кажаното и на самите министри на ДУИ е возило на Артан Груби. Која фирма и кој бизнисмен купува и му отстапува возило од 80.000 евра на политичар на услуга? Што е тоа што Груби го направил за фирмата и за тој бизнисмен за да добие на поклон за користење Ауди А6? Дали всушност Груби стои зад фирмата Еуроком Лајтинг или тој е во одредени односи со истата и какви се тие односи? Кога приватна фирма дава услуга на политичар без надомест, во износ од 80.000 евра, очигледно е дека се работи за корупција. Институциите конечно да се охрабрат и да отворат постапка против Груби, додаваат од партијата.

Претходна вестОхридска спасителна служба спаси три лица кои се изгубиле на Галичица
Следна вестРичард Никсон пред 30 години ја предвидел војната во Украина