ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата

Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата, народот е против тоа, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија наведува дека Владата прво кажала дека ќе го објави, а сега веќе втора недела не го објавува протоколот.

-Предлогот кој власта сака да го помине низ Собрание е на штета на македонските национални интереси. Секој ден десетици илјади луѓе кажуваат не за бугаризација и асимилација. Академската заедница, новинарите, колумнистите, сите се гласни и јасни дека предлогот кој владата сака да го турка во Собрание ги негира македонскиот јазик и идентитет. Со предлогот и се дава право на Бугарија и да ги пишува учебниците по историја во Македонија и да ја блокира земјата на патот кон ЕУ, ако нешто не и се допаѓа, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ пак ја повика власта да не го игнорира народот и да го отфрли францускиот предлог.

Истовремено, оваа партија укажува дека власта ја злоупотребува МВР и дека прекршочните казни за народот кој блокираше во Струмица се спротивни на Устав.

-Граѓаните имаат Уставно загарантирано право на протест. И тоа свое право можат да го искажат и со блокади и друг вид активности. Власта има должност да го гарантира ова право на граѓаните, а не да го попречува, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека во текот на последните два дена низа граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица – Радовиш, со цел да го изразат својот револт кон владата која го турка штетниот предлог за бугаризација добија прекршочни казни во висина од 50 евра во денарска против вредност за движење по пат и 35 евра за паркирано возило. Платни налози за плаќање на казно добиле и луѓе кои не биле воопшто на блокадата.

Претходна вестНадежите дека ќе се пронајде и третиот Македонeц во морето кај Халкидики не згаснуваат, потрагата продолжува и денеска
Следна вестСДСМ: Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести