ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив

Опозиционерите од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа на големиот пожар кој ја пеплоса легендарната Универзална сала во Скопје. Велат дека за нив е очекувано СДСМ и за пожарот во Универзална сала да не најде виновен, а велат нема ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска.

-Како и за се до сега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДС 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши. СДС ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега. Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДС потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат од партијата, наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност.

-Но Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПриватните специјализанти од понеделник во генерален штрајк, Владата не ги разгледала нивните барања
Следна вестЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие