ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

-Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на криминалот на Груби во Лотарија, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот.

-Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор. Затоа во СДС нема ништо ново, туку се е како до сега. СДС се веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестРистовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК, велат од СДСМ
Следна вестЗа една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар