ВМРО-ДПМНЕ: Македонија според Индексот на мизерија е меѓу првите држави во Европа

Македонија е во врвот на европските држави според Индексот на мизерија, укажа денеска ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека Македонија е втора, односно, трета ако се вклучи Турција, на врвот на листата во Европа. Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност бил создаден од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфација/

Од опозициската партија предупредуваат дека денс Индексот на мизерија повторно е во интерес низ светот како што расте инфлацијата, а невработеноста останува релативно висока. Преку индексот на мизеријата, како што се појаснува, може се утврди економското страдање на една земја од инфлацијата и невработеноста, зошто поголемата невработеност води до помал доход во целина, а повисоката инфлација води до повисоки трошоци за живот.

-Кај нас економска беда и социјално страдање на македонските граѓани од високата инфлација и високата стапка на невработеност е меѓу највисоките во Европа. Оваа политичка структура ја разгоре инфлацијата до нивоа какви што не сме имале од 1995 година наваму, а стапката на невработеност и натаму е една од највисоките во Европа, а Владата не спроведува политики за нејзино намалување. Затоа расте и сиромаштијата. Доста е од најнеуспешната Влада во македонската независна историја, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестИ македонско малцинство во Србија денеска избира Националeн совет
Следна вестФатени дрвокрадци во ресенско, две возила полни со дабови дрва