ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за култура со народни пари ќе финансира фестивал во Косово

Секторот култура изминатите 7 години со оваа власт на ДУИ и СДС, културно речено е катастрофа. Таман ќе помисли јавноста дека го допреле дното, тие наредната година покажуваат дека можат и подолу, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозоциска партија наведува дека резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2024 година и оваа година се скандалозни.

– Реномирани фестивали, институции и установи едвај ќе крпат крај со крај, ама затоа власта дели енормни средства на анонимни лица, здруженија и манифестации кои или никој не ги слушнал или се формирани за еднократна употреба – да добијат државни средства. Па така, меѓународен форум добил помалку средства од физичко лице кое доаѓа од истиот град како и министерката Бисера Костадиновска за проектот „Азбучен споменар“ за кој министерството дало повеќе од 1.100.000 денари. Или пак, случајот со одобрените 30.000 евра за финансирање на активности на драмски фестивал во друга земја, во Косово, а во исто време домашните театри ќе преживуваат со средствата кои им ги одвојува Министерството, се наведува во соопштението.

Партијата додава дека во културата никогаш не било полошо како што е сега со оваа власт на ДУИ и СДС.

Претходна вестВласта да не го дели народот со приказни „Исток – Запад“, туку да даде отчет за сработеното
Следна вестПендаровски: Кај Македонците има голем пад на поддршката за ЕУ поради непринципиелните напади врз нашите идентитетски атрибути