Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери, и п⁸очеток на промените за посигурна иднина на Македонија. Дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата. Додека сите очекуваат избори, Ковачевски не сака избори, за да продолжат тендерите и бизнисите на фирмите на неговиот кум, бизнисите на неговото најтесно семејство, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека Македонија е на колена, семејството Ковачевски врти милиони од власта која ја ползува. И додека Македонија тоне, Ковачевски си продолжува да биде верен калфа на Ахмети и да слуша пораки од Зајас, но и од Струмица. Таквата коалиција на хаосот надоградена со поддршката на фолирантите од Левица на локално ниво ја упропастува секоја иднина на секој еден граѓанин, додаваат од партијата.