ВМРО-ДПМНЕ: На локални само со терминали за отпечаток од прст, инаку бојкот

ВМРО-ДПМНЕ размислува да ги бојкотира локалните избори во октомври, доколку не бидат набавени терминалите за отпечаток од прст при гласањето.

Од опозициската партија брифираат денеска дека терминалите се предвидени со законските измени пред една година, и би значеле намалување или целосно елиминирање на можноста за фалсификат.

Она што создава сомнеж кај ВМРО-ДПМНЕ и ги тера да размислуваат во насока на евентуално неучество на локалните избори, е дали средствата за набавка на овие терминали кои се предвидени во програмата на ДИК за локалните избори, ќе бидат навреме обезбеди.

Од опозициската партија сметаат дека оваа набавка може да се направи и со многу помалку финансиски средства, а Владата има доволно време, 7-8 месеци месеци за да го направи тоа.

Државната изборна комисија веќе испратила допис до Министерството за финансии со кој бара да се обезбедат парични средства за терминали за отпечаток на прст, кои би се поставиле на секое избирачко место.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на последната прес конференција изјави дека одговорил на писмото на ДИК дека пари за локалните избори има, за секоја фаза и барање, доколку секако Комисијата смета дека може да стигнат да ги спроведат подготовките во временскиот рок.

Претходна вестИ Ахмети не гледа проблем кај парламентарното мнозинство, вели „не“ и за предвремени избори
Следна вестЗарем на „Лајка“ треба само скопјани да кажат каде да лови бездомни кучиња?