ВМРО-ДПМНЕ: Ни пристигнаа документи кои ја покажуваат целата монструозност на скандалот со Онкологија

До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен, соопшти денеска оваа партија.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека МВР и Обвинителството со месеци молчеле и дозволиле десетици и стотици пациенти да бидат жртви.

-Всушност овие институции и веќе два месеци молчат, откако направија увид во клиниката, и после два месеци нема никаква реакција ниту поднесок. Веројатно во органите на прогонот во тек е операција „продолжниот кабел е виновен“ и за овој случај на Онкологија, се наведува во обраќањето.

Партијата тврди дека Анкетната Комисија во Собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија.

-На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи. Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис. Впрочем ако видиме како  пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај. Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија, се потенцира во соопштението.

Претходна вестФинансиска полиција земала документи од Државна Лотарија во рамки на истрага за изнајмување на објекти
Следна вестПолицијата во Прилеп и во Крушево ги подучуваше основците да и кажат „не“ на дрогата, а жителите на Новаци да се заштитат од кражби