ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија наведува дека судијата Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија.

-Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега. Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.

-Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција, се додава во соопштението на владејачката партија.

Претходна вестСе слави Преображение Господово, денот кога Исус Христос ја покажал својата божествена природа
Следна вестСДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ