Криминалната влада на Димитар Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат, за неколку директорски места во јавната администрација, да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на собраниската седница за избор на нова влада.
„ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во Владата на Ковачевски, ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита. Трите партии да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата да гласаат против Владата на пиунот Ковачевски“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.