Ограничувања на движењето од 22 часот до 05 часот со полициски час нема ефект, народот чека вакцина, соопшти денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата реагира во однос на предлогот за воведување на полициски час за кој денеска ќе решава Владата.
-Власта ја промаши стратегијата во борбата против КОВИД 19 уште од самиот почеток. Мерките беа задоцнети и не ефикасни. Кога ВМРО-ДПМНЕ предлагаше масовно тестирање и ограничување на пандемијата Заев и Филипче бркаа тендери. Кога цел свет набавува вакцини, Заев и Филипче пак бркаат тендери, а вакцини нема, се потенцира во партиското соопштение.
Да беше ажурна власта, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега ќе бевме во напредна фаза на вакцинација, и немаше да има потреба од рестрикции.
-Ограничувања на движењето од 22 часот до 05 часот со полициски час нема ефект. Дотолку не заради сулудите политики на Заев. Во исто време имаме полициски час и попис. Преку ден луѓе ќе се групираат и ќе шират зараза. Заев нема план ниту за пописот, ниту за борбата против КОВИД 19. Се е купи ден продај политика. Со секој поминат ден со Заев на власт, Македонија тоне, потенцираат од оваа партија.