ВМРО-ДПМНЕ повторно бара власта итно да ја намали за 50 отсто акцизата за горивата

Повторно барање до власта итно да го прифати предлогот за намалување за 50 отсто на акцизата за горивата, упати денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова партија тврди дека со тоа горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

-Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80 отсто и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството. ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50 проценти, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, бараат од опозицијата, да се намали и ДДВ-то за производите за исхрана и за топлинска енергија, односно за парното да биде 0 отсто, а за струјата да остане 5 отсто до крајот на годината.

Претходна вестИ денеска хуманитарни коридори низ Украина, Русија тврди дека Киев подготвувал инвазија на Донбас
Следна вестВо моловите ќе се влегува, а од Mакедонија ќе се излегува без ковид-сертификати