ВМРО-ДПМНЕ прашува кога СДСМ ќе се изјасни за Декларацијата за Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ достави до Собранието Декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. За неа владеачките партии се уште молчат, истакна денеска Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа декларација треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание, но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава, Република Македонија, вели Василевска.

Само со единство, достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, оценува Василевска, постои можност дополнително да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството.

-Потенцираме дека иако на денот на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ја најавивме оваа Декларација и истата е веќе поднесена до Собранието, три дена имаме молк од СДСМ и останатите политички партии во Мкаедонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе одна ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата почит кон оваа централна личност од македонската историја, додаде таа.

Пратеничката повика на обединивање и да се донесе Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да се покаже како што рече дека за вакви битни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети.

Претходна вестКратка поука за „северните“ власти околу Гоце Делчев
Следна вестУште еден обид за договор за минималец – рокот истекува в четврток