ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред МЗ, Филипче ги опомена дека тука лежат пациенти со ковид

Ни рекоа „За Живот“ во Македонија, а државата е една голема гробница, ова ли е живот со 30 погреби дневно, стотици одат во соседството да се вакцинираат, а државата е во петте најлоши држави по смртност во светот, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на протестот пред Министерството за здравство што го организираше партијата, кој започна со минута молк за сите 3 600 починати од коронавирусот во земјава.

-Денеска во Македонија додека зборуваме во моментов се подготвуваат 33 погреби, денеска 33 семејства ќе ги испратат своите најмили и веќе никогаш да не ги видат, ќе молчиме затоа што власта не се ни дрзнува во Собрание да молчи за починатите свои сограѓани, минута молк затоа што болката е голема и затоа што мртвите се премногу, а неспособноста е ужасна, не е нормално да умираат по 30 луѓе дневно и никому ништо, рече Ѓорчев.

На денешниот протест пред министерството за здравство се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која во име на партијата уште еднаш побара одложување на пописот и оставка од министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерството за здравство им одговорија дека ако им се важни граѓаните, пациентите, нивните семејства, лекарите, сестрите, другиот медицински персонал, немаше да протестираат на само стотина метри каде има 300 ковид-пациенти.

Ја повикаа опозициската партија да престане, како што велат, да го опструира процесот за набавка на вакцини измислувајќи сценарија, фалсификат документи и ширење лаги и со протести кои ги оцени како обид за ширење немир меѓу болните, нивните семејства, здравствените работници и сите граѓани.

Претходна вестБорисов ни најавува 5.000 вакцини од Бугарија
Следна вестЗафир Хаџиманов ја изгуби битката со ковид