ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземат одговорност и да се извинат што оставија ограбена држава, без летала за гаснење пожари и без опрема и кадар

Некрофилската политика на СДС нема крај. Постои чудна корелација и задоволство во СДС од пожарите и поради несреќата на многу градови и села, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија наведува дека наместо да излезат со конструктивен предлог СДС се радуваат на пожарите.

-СДС да одговори која е позадината на канонадата на пожари. СДС да преземе одговорност и да се извини што остави ограбена држава, без летала за гасење пожар, без опрема и кадар. Наместо да се сокријат тие пробуваат да печалат поени. Тоа е дното на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПожарот над Пехчево ставен под контрола, огнениот појас беше околу 10 километри
Следна вестМаж починал откако претходно му се слошило па удрил во паркирано возило